Линкови за пристапност

Ограничена маржа за продуктите во есенската потрошувачка кошница


Замрзнување на цените нема да има. Ограничување на маржата до 10 отсто е договорот меѓу економија и трговците и производителите и ќе се однесува на стотина производи во кошницата. Мерката ќе биде на сила еден месец. Законот за нефер трговски практики нема да биде одложен и ќе стапи на сила.

да има но ќе се ограничи маржата која може да изнесува најмногу до 10 отсто. Ова е предлогот на министерството за економија кој ќе биде доставен до Владата а кој е договорен на средбата на министерот Бесар Дурмиши со трговците и производителите. Мерката ќе биде на сила еден месец.

„ Се сретнав со претставниците на стопанските комори и ги чув нивите барања и забелешки како и на производителите и трговците. Направивме предлог како министерство за економија и труд и ќе го доставиме до Владата. Предлогот е да се ограничи бруто профитната маржа на 10 проценти на сите основни прехранбени производи и земјоделски производи“, рече министерот Дурмиши.

Ваков предлог, како што беше најавено ќе има и за неколку празници.

„Коморите не беа добро известени и мислеа дека мерките ќе бидат долгорочни. Ние ги известивме дека мерките ќе бидат само за празници и тие временски периоди и ќе бидат ограничени на еден месец како есенската потрошувачка кошница. Тоа ќе важи и за божиќните, рамазанските и велигденските празници“, појасни Дурмиши.

Предлогот на министерството за економија ќе се најде на седницата на Влада во вторник најави премиерот Христијан Мицкоски.

„Предлогот не беше вчера на седница поради определени технички причини, но сакаме да ги помине и оние филтри како што се Генерален колегиум и Комисија за економски систем. Очекувам на следната владина седница во вторник да биде на дневен ред“, рече Мицкоски.

Од опозициската СДСМ со став дека оваа мерка нема да даде резултати и дека владата нема концепт како да ги намали цените.

„Ако Владата не знае, тогаш СДСМ ќе даде конкретен предлог закон со кој проверено ќе заштедат сите граѓани и ќе се амортизира ценовниот шок, додека компаниите нема да сносат штети“,стои во соопштението од СДСМ.

Нема да има одлагање ниту на Законот за нефер трговски практики. На крајот на месецов ќе почне неговата примена. Со него ќе се ограничи рабатот на 10 отсто и се очекува да се стави крај на проблемите со цените.
„ Законот за нефер трговски практики на крајот на овој месец ќе стапи во сила и со тоа ќе намалат цените на основните прехранбени производи и ќе се нормализира инфлацијата. Се знае дека во овои временски периоди трговците секогаш ги зголемуваат цените и овие мерки се во интерес на граѓаните и државата“, рече Дурмиши.

Граѓаните во последниот период се соочија со бран на поскапување на цените на производите а според последните податоци за еден месец најголем раст е забележан кај зеленчукот, од 10 отсто.

Есенската потрошувачка кошница ќе содржи покрај, овошјето и зеленчукот, пекарските и млечни производи, месо, млеко, шеќер, брашно, ориз, грав и печурки.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG