Линкови за пристапност

Ограничена маржа на овошје и зеленчук, гарантирана цена за безалкохолните пијалоци и пивото – Владата со нов сет одлуки


СКОПЈЕ – Од утре намалени цени на свежо овошје и зеленчук и на вода, безалкохолни пијалоци и пиво. Владата на денешната седница со нов сет одлуки со кои се ограничуваат цените и маржите за да се амортизира ценовниот шок и огромното поскапување на цените на основните прехранбени продукти.

Триесет отсто пониски цени на свежото овошје и зеленчук кои ќеги плаќаат граѓаните во маркетите, гранапите и на пазарите се очекувањата на Владата.

„ На денешната седница донесовме одлука за определување највисока профитна маржа за трговија со свежо овојше и зеленчуко.За сите трговски друштва и трговцки кои се во ланецот на трговија на големо маржите се ограничуваат до 10 отсто а во трговија на мало до 15 отсто. Пресметките покажуваат дека цените ќе се намалат до 30 отсто“, објасни премиерот Димитар Ковачевски.

Листата со гарантирани цени се проширува и од утре на неа ќе се најдат газираната и обична водата, газирани и негазирани безалкохолни пијалоци и пивото како што беше најавено уште од минатата недела по средбите на Владата со производителите на овие продукти.

За разлика од основните прехранбени производи, како основ се заемаат цените кои биле на 19 септември и ќе бидат пониски за 10 отсто.

Со новата одлука Владата очекувада ја намали стапката на инфлација во државата.

„Очекуваме двоцифрената инфлација да падне на 8 проценти а кај храната да биде до 5 проценти“, изјави премиерот Ковачевски.

Околу тврдењата на бизнис заедницата дека немале доволно време да се подготват за намалувањето на цените и поставувањето на задолжителните насленици „гарантирана цена“,премиерот е убеден дека тоа не е така.

„Кога може цените да се зголемуваат преку ноќ, може и да се намалат“, дециден е Ковачевски.

Тој повторно апелираше до трговците да ги почитуваат мерките на Владата и ги охрабри граѓаните да пријавуваат неправилности во Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).

Минатата недела Владата донесе одлука за ограничување на ченицте на неколку стотини продукти од 25 категории прехранбени производи кои ги опфаќаат пекарската, млечната и месната индустрија а цените се намалија за најмалку 10 проценти во однос на цената која ја имале на 1 август.

XS
SM
MD
LG