Линкови за пристапност

„Огнените“ одат како фракција, Ахмети им порача дека во ДУИ фракции не постојат


Големи разлики, отсуство на реална дебата и тројни аршини се дел од забелешките на „огнените“ околу состанокот на Централното претседателство кој го напуштија предвреме. Груби останува недопирлив за „огнените“ кои пак засега нема да бидат исклучени од партија иако дел од нив се разрешени од функциите во јавната администрација


МАЛА РЕЧИЦА - Поделбата во ДУИ остана а можеби и се продлабочи откако членовите на т.н. „огнен група“ го напуштија состанокот на Централното претседателство во седиштето во Мала Речица и најавија дека ќе дејствуваат како франкција во рамките на партијата. Лидерот Али Ахмети, по завршувањето на состанокот пак соопшти дека фракции во ДУИ не се дозволени. Засега „огнените“ остануваат формално како членови во партијата и не се исклучени.

Како што беше најавено на денешниот состанок на Централното претседателство, на барање на „огнената група“ требаше да се дискутира околу сработеното и резултатите на министрите од ДУИ во Владата особено за тројката Бектеши- Османи - Груби за кои „огнените“ отворено и јавно бараат нивно разрешување.

По четири часа состанокот а и седиштето на партијата го напуштија „огнените“ незадоволни од дебатата и одговорите кои им биле дадени и најавија дека ќе функционираат како фракција во партијата.

\
\

„Разликите се големи и од организационен аспект внатре во ДУИ, но и дебатата за програмската определба врз основа на што ја добивме и довербата од граѓаните. За жал немаме можност за реална дебата и се користат двојни или тројни аршини во однос на одредени исти и слични прашања и затоа од денеска ние ќе имаме наши ставови бидејќи ќе дејствуваме како фракција во рамки на ДУИ. Сметаме дека министрите ја узурпираа партијата со своите одлуки. Тоа што е надлежност на партијата преминува во надлежност на членовите на Владата и тука, да се разбереме, не се само кадровските прашања, тие се релевантни и значајни, зборуваме за проргамските определби на ДУИ “, изјави Блерим Беџети, еден од предводниците на „огнената група“ и актуелен организациски секретар во ДУИ,.

Еден час подоцна состанокот заврши а лидерот на партијата Ахмети им одговори на незадоволните сопартијци дека фракции во ДУИ не се дозволени и дека за такво нешто ќе мора да чекаат до следниот Конгрес на партијата.

„ ДУИ е партија којашто почитува вредности и почитува демократија. Се разбира, го почитува и размислувањето против. Секое делување спротивно на статутот е анархија, а анархијата е најголемиот непријател на демократијата. Принципот е дека малцинството го почитува ставот на мнозинството. Инаку ќе биле анархична партија, каде секој прави што сака. Фракционерството не е дозволено согласно статутот, но не дискутиравме за исклучување. Демократијата е да се прифати ставот на мнозинството. Треба да се почека до следниот конгрес, јас ќе бидам тој што ќе поддржам еден таков став за фракционерско делување “, рече Ахмети.

На седницата се разгледал извештајот за работата на партиските функционери во Владата и бил прифатен со 26 гласа „ЗА“, шест против и три воздржани. Токму овој извештрај беше она што го бараа претставниците на огнената група кои тврдеа дека резултатите на актуелните министри не се задоволувачки.

„Огнените“ стануваат цврто на ставот за разрешување на Гртуби од сите дрѓавни и партиски функции како и на Османи и Крешник Бетеши. Од друга страна пак Ахмети продолѓжува со цврсто водење на партијата и го именуваше токму Османи за координатор на огранокот во Чаир а потоа и го назначи Рафиз Алити за кориднатор во Сарај - двете општини чии градоначакници се предводници на „огнената група“

XS
SM
MD
LG