Линкови за пристапност

Официјални лица на САД и Кина ја наведуваат потребата од економски стабилни односи


Американската секретарка за трговија Џина Раимондо говори за време на состанокот со нејзиниот кинески колега Ванг Вентао во Министерството за трговија во Пекинг, 28 август 2023 година.
Американската секретарка за трговија Џина Раимондо говори за време на состанокот со нејзиниот кинески колега Ванг Вентао во Министерството за трговија во Пекинг, 28 август 2023 година.

Американската секретарка за трговија, Џина Раимондо, на својот кинески колега за време на состанокот во Пекинг му рече дека администрацијата на Бајден бара здрава конкуренција со Кина и дека „растечката кинеска економија која игра според правилата е во наши интереси“.

Раимондо на кинескиот министер за трговија Ванг Вентао му кажала дека е важно САД и Кина да имаат „стабилни економски односи“.

„Во прашањата за националната безбедност, нема простор за компромис“, но поголемиот дел од американско-кинеската трговија „не вклучува грижи за националната безбедност“, рече Раимондо. „Посветена сум на промовирање на трговијата и инвестициите во оние области кои се во наш заеднички најдобар интерес.

Ванг рече дека Кина е подготвена да работи со САД за „поттикнување на поповолна политичка средина за посилна соработка меѓу нашите бизниси за зајакнување на билатералната трговија и инвестиции на стабилен и предвидлив начин“.

Ванг рече дека економските односи меѓу САД и Кина се важни не само за двете земји, туку и за светот.

Дел од информациите доаѓаат од Асошиетед прес, Франс - прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG