Линкови за пристапност

Постарите фармери остануваат, младите си одат


Седумдесет и девет годишниот Марион Идн од Елизабет, сојузната држава Илиноис, се занимава со сточарство и земјоделство уште како дете, кога имал само пет години.

„Куќата каде сум се родил, се` уште постои. Во тоа време почнувате да работите од мали нозе, така што последниве околу 75 години најчесто работам со добиток“, изјави тој.

Сопсетвеник е на 25 грла д​обиток, дел од своето земјиште го изнајмува на друг земјоделец, кој одгледува соја и пченка, а тој во моментов одгледува само сено, за да го прехрани својот добиток.

Ниту еден од неговите седум браќа и сестри не останал во овој крај, сите се отселиле и со семејствата живеат низ во целата држава.

„Треба навистина да сакате да го правите ова“, вели тој. „Треба со тек на време да развиете љубов за сево ова, за на крајот да стане дел од вас“.

Идн раскажува дека повремено доаѓа ќерка му да го посети, но и да ужива во приридните убавини, прекрасните пејзажи и безбројните ѕвезди.

Тој вели дека разбира зошто многу малку млади луѓе денес се занимаваат со земјоделство. „Не само што им е привлечен градскиот живот, туку оваа професија стана премногу скапа и полна со предизвици. Тешко е да се одржува една фарма“, вели тој, „ако еден млад човек нема наследено таков имот или ако нема пари за да купи земјиште“. Околу 62 процента од сите земјоделци во САД се на 55-годишна возраст или постари.

Идн ја издвојува неизвесноста на овој бизнис и од аспект на временските услови, што потоа влијаат на цените на производите, а тука е и потребата да се поседува соодветна механизација, ѓубриво и слично.

Постои владина програма, којашто на земјоделците им нуди осигурување во случај на уништување на посевите од елементарни непогоди, што е дел од 20-те милијарди долари помош преку субвенции. Идн сепак вели дека премиите се високи, а пазарот останува ризична зона.

Тој додава дека во овој дел на САД жителите се конзервативни и речиси секогаш гласаат за републиканците, додека демократите главно живеат во поголемите места и токму тие помогнале поранешниот претседател Барак Обама да победи во 2012-та. Сепак, на изборите минатата година, гласовите главно отишле во полза на претседателот Доналд Трамп.

„Мислам дека луѓето гласаа за промени“, рече Идн.

Тој вели дека следи вести, но многу од прашањата дискутирани на национално ниво, изгледаат чудно од перспектива на овој рурален дел во северозападен Илиноис.

Идн изјави дека само од земјоделството не може да опстане, и затоа дополнително работи во локална осигурителна компанија. Вели се држи настрана од политиката, а што се однесува до оваа дејност, како што се приближува до своите 80 години, планира да продолжи, се` додека го служи здравјето.

(Грег Флакус)

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG