Линкови за пристапност

Во рурален Висконсин се сеќаваат на подобри времиња


Пензионираниот земјоделец Турман Тонер и неговата сопруга Џенис, ги запознавме во ресторан во Тремплу, сојузната држава Висконсин.

Задоволни се од работата, особено последните 14 години, кога се префрлиле на органски начин на одгледување на производите, што се покажал попрофитабилен. Велат дека живеат удобно, но со текот на годините сведоци се на општ пад на дејноста.

Овде е популарно да се сеќаваме на минатото време кога луѓето имаа повеќе пари, а помалку страв, додаваат тие.

Toнер за тоа делумно ја обвинува владата. Последната администрација, вели тој, била премногу фокусирана на она што го нарекува „програми за давање“, со кои сиромашните се одржуваат во живот, богатите стануваат побогати, а средната класа, тоне.

„Земјоделството може да биде заборавено“, вели 83-годишниот Турман.

Владата инвестира многу во оваа област, но поголемиот дел од субвенциите одат кај поголемите фарми. Изминативе децении во општината Тремплу биле вложени милиони долари, но последниве години процесот е забавен. Сепак, овој дел на Висконсин бележи раст, можеби не секогаш стабилен, но постои.

За изборната кампања во САД, Тонер вели дека повикот на Клинтон да се „градат мостови, а не ѕидови“, не наишол на поддршка кај локалното население. Според него, луѓето со тој план не се чувствувале безбедно и го протолкувале како секој да може да влезе во земјата и да има свои барања.

Сепак, со заострувањето на имиграционата политика од страна на претседателот Трамп, ситуацијата се менува. Овде има бројни недокументирани работници кои наоѓаат физичка работа, бидејќи помладите генерации ги напуштаат полињата за подобри примања.

„Ако сите овие имигранти се вратат во нивните земји“, додава Toнер, многу бизниси нема да можат да опстојат“.

(Хедер Мурдок и Дипак Добхал)

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG