Линкови за пристапност

ОДИХР позитивно ги оцени изборите, но со критики за распределбата на државни пари за кампањите на кандидатите


Претседателски избори 2024 година
Претседателски избори 2024 година

Мирен изборен ден, но негативна реторика и етнички поделби во финалниот дел од кампањата. Нерамноправен однос кон кандидатите за финансии и медиумски простор. Отсуство на контролен механизам за онлајн медиуми, сомнежи дека државни пари за реклами се одлеале во политички партии

СКОПЈЕ – Набљудувачката мисија на ОДИХР даде позитивна оцена на изборниот процес а изборниот ден го оцени како мирен во демократска атмосфера. На денешната прес конференција шефот на мисијата Џилиен Старк ја соопшти анализата на набљудувачката мисија за кампањата, законската рамка, финансирањето на кандидатите за рекламирање и за разлика од самиот ден на гласањето имаше забелешки.

Засилена негативна реторика и етнички поделби во финалниот дел од кампањата, нефер распределба на државни пари за кампања и фаворизирање на кандидатите од големите партии и отсуство на контролен механизам при дистрибуција на парите за реклами кај онлајн медиумите се клучните точки каде што мора да се подобри државата и законската регулатива.

Изборниот ден беше мирен, запазени беа сите правни рокови а Комисијата (ДИК) овозможи редовно ажурирање во текот на целиот изборен ден што ја зголеми отчетноста.
Старк, ОДИХР

„Изборниот ден беше мирен, запазени беа сите правни рокови а Комисијата (ДИК) овозможи редовно ажурирање во текот на целиот изборен ден што ја зголеми отчетноста. Нашите набљудувачи позитивно го оценија гласањето и во најголем дел од изборните места и тајноста беше општо запазена. Меѓутоа забележавме семејно гласање и следење на број на гласачи. При пребројување на гласовите имаше негативна оцена во 10 отсто од изборните места поради грешки во процедурата и остварување на повеќе постапки истовремено“, изјави Џилијан Старк, шеф на мисијата на ОДИХР.

Околу измените на Изборниот законик од ОДИХР соопштија дека голем дел од препораките на ОБСЕ се усвоени но без јавна дебата а оние на меѓу секторската група беа игнорирани. Исто така парите од државниот колач за рекламирање се нерамномерно распределени кај кандидатите и на тој начин едни се ограничуваат а други се фаворизираат. Отсуство на контролен механизам особено кај онлајн медиумите и затоа од мисијата имаат сомнежи дека онлајн медиуми се креирани само за да повлечат државни пари за реклама и потоа да ги канализираат до политички партии. За кои портали и партии станува збор не беше соопштено.

„Во отсуство на сеопфатна рамка се остава простор за вмешување на политичките партии врз основа на нивната застапеност во Парламентот и се дава предност на кандидатите кои доаѓаат од големите политички партии кои имаат несразмерен пристап до одредени финансиски средства и медиумско време за кампањата. Голем број на новински портали онлајн направиле кампањи чисто за да добијат државни финансии во текот кампањата и често тие пари не завршувале на вистинското место“, додаде Старк.

ОДИХР ќе продолжи со следење на кампањата за вториот круг на претседателски избори и парламентарните избори а извештајот ќе биде објавен најдоцна за три месеци по завршувањето на изборниот процес.

XS
SM
MD
LG