Линкови за пристапност

Одделот за здравство на САД препорача да се олеснат ограничувањата за марихуаната


Одделот за здравство и човечки услуги на САД достави препорака до Администрацијата за лекови во врска со политиката за марихуана, а лидерите на Сенатот ја поздравија како прв чекор кон олеснување на федералните ограничувања за лекот.

Одделот за здравство вели дека агенцијата одговорила на барањето на претседателот Џо Бајден „да обезбеди препорака за распоред за марихуана до Администрацијата за лекови“, што би значело олеснување на ограничувањата.

„Работевме за да обезбедиме научната евалуација да биде завршена и споделена брзо“, велат оттаму.

Лидерот на мнозинството во Сенатот Чак Шумер, рече во изјавата дека Одделот за здравство ја направил вистинската работа.

Марихуаната моментално е класифицирана како дрога во групата заедно со хероинот и ЛСД.

Според Администрацијата за лекови, ваквите лекови „немаат моментално прифатена медицинска употреба во САД“.

Бајден побара ревизија во октомври 2022 година бидејќи помилува илјадници Американци осудени за „едноставно поседување“ на марихуана.

Новата класификација на марихуаната би имала широк спектар на бенефиции, вклучително и сигнализирање до системот на кривичната правда дека канабисот е понизок приоритет и обезбедување на клучен економски спас за индустријата за канабис.

XS
SM
MD
LG