Њујорк – Федерален судија денеска го отфрли барањето на Доналд Трамп за ново судење во граѓанскиот случај покренат од Џин Керол, каде што поротата утврди дека поранешниот претседател на САД Доналд Трамп е одговорен за сексуална злоупотреба и клевета на писателката на која и додели отштета од 5 милиони долари.
Во одлуката напишана на 59 страници, американскиот окружен судија на Менхетен, Луис Каплан рече дека поротата не постигнала „сериозно погрешен резултат“, а пресудата од 9 мај не била „погрешна правда“.
Керол го обвини Трамп дека ја силувал во соблекувална на стоковната куќа на Менхетен во средината на 1990 година, а потоа Трамп го означил инцидентот како измама во објава од октомври 2022 година на неговата платформа „Truth Social“.
Трамп тврдеше дека двањето на Керол од 2 милиони долари како компензација за сексуален напад е „претерано“, бидејќи поротата утврди дека тој не ја силувал, додека наградата за клевета се заснова на „чиста шпекулација“.
Адвокатите на Трамп и Керол до овие моменти не ја коментираат судската одлука.