Линкови за пристапност

Одбиено барањето на Трамп за ново судење за случајот со Џин Керол


Керол го обвини Трамп дека ја силувал во соблекувална на стоковната куќа на Менхетен во средината на 1990 година, а потоа Трамп го означил инцидентот како измама во објава од октомври 2022 година на неговата платформа „Truth Social“.
Керол го обвини Трамп дека ја силувал во соблекувална на стоковната куќа на Менхетен во средината на 1990 година, а потоа Трамп го означил инцидентот како измама во објава од октомври 2022 година на неговата платформа „Truth Social“.

Њујорк – Федерален судија денеска го отфрли барањето на Доналд Трамп за ново судење во граѓанскиот случај покренат од Џин Керол, каде што поротата утврди дека поранешниот претседател на САД Доналд Трамп е одговорен за сексуална злоупотреба и клевета на писателката на која и додели отштета од 5 милиони долари.

Во одлуката напишана на 59 страници, американскиот окружен судија на Менхетен, Луис Каплан рече дека поротата не постигнала „сериозно погрешен резултат“, а пресудата од 9 мај не била „погрешна правда“.

Керол го обвини Трамп дека ја силувал во соблекувална на стоковната куќа на Менхетен во средината на 1990 година, а потоа Трамп го означил инцидентот како измама во објава од октомври 2022 година на неговата платформа Truth Social.

Трамп тврдеше дека двањето на Керол од 2 милиони долари како компензација за сексуален напад е „претерано“, бидејќи поротата утврди дека тој не ја силувал, додека наградата за клевета се заснова на „чиста шпекулација“.

Адвокатите на Трамп и Керол до овие моменти не ја коментираат судската одлука.

XS
SM
MD
LG