Линкови за пристапност

Од Либерија до САД, приказна за страдање и исполнета надеж


Либерискиот бегалец Фанбуле Гајекала Зарзар го споделува своето извонредно патување, од бегството од граѓанската војна во Монровија до предизвиците со кои се соочил како имигрант во Соединетите држави. Известува Лиза Вохра.

Назад дома во Либерија, фудбалот беше единственото нешто што ги собра сите заедно, почнува да раскажува либерискиот бегалец Фанбуле Гајекала Зарзар.

„Тоа беше до мај, 1990 година. Во тој момент, бунтовниците сè уште не пристигнале во Монровија. Тие беа во предградието на Монровија. Имавме среќа што бевме едно од ретките семејства што можеше да си дозволи да избега во тој момент. Така, отидовме во Сиера Леоне. Стигнавме во Фритаун и живееме во хотел“, вели Зарзар.

„Во првите три месеци живевеме сличен живот како во Либерија, каде имавме собарка во хотел со нас, имавме храна и се се чинеше дека е во ред. Мислевмњ дека кога бунтовниците ќе стигнат во Монровија, сè ќе стивне и наскоро, ќе се вратиме дома, бидејќи тоа беше нашата прва граѓанска војна и не го разбравме баш влијанието или големината на граѓанската војна“, вели Зарзар.

„Моето семејство остана без пари и моравме да се преселиме. Во тој момент имав 11 години, па моравме сами да се грижиме. Така, една работа што ја направи мајка ми беше да продаваме на улиците на Сиера Леоне“, додава Зарзар и продолжува да раскажува:

Кога првпат дојдов во Соединетите Држави во деведесеттите овие деца не беа навикнати на ништо што не беше чисто американска облека. Бевме исмејувани што носевме и како зборувавме

„Како и со секое човечко суштество, вашето прво размислување е, треба да земам нешто да јадам. Како да добијам нешто за јадење? Во овој момент, морам се да продадам за да добијам нешто за јадење. Значи, не мислете дека пред само неколку месеци бев, имав сè и можев да си дозволам сè. Во овој момент мислиш дека морам да служам за да јадам. Значи, вие во суштина го игнорирате минатото и продолжувате да се движите напред, бидејќи во тој момент само се ставате во режим на преживување“.

Раскажува и за предизвиците во САД.

„Кога првпат дојдов во Соединетите Држави во деведесеттите овие деца не беа навикнати на ништо што не беше чисто американска облека. Бевме исмејувани што носевме и како зборувавме. И уште полошо, бидејќи кога готвиме дома, готвиме со многу зачини. Така, како што можете да замислите, ако живеете во мал стан со многу луѓе, вашата облека секогаш ќе мириса на храна и на зачини“, вели Зарзар.

Денес е оженет со две деца и живеат во предградие на Вирџинија.

„И каков совет би имал за нив? Мислам дека тоа оди подалеку од нив, нели? Она што би го советувал секој млад човек е: да работи напорно, да има интегритет и да гради добри односи. Треба да ги имате тие три работи како сидро во овој живот“, вели Зарзар.

За животот во САД вели.

„Соединетите Американски Држави се една од најголемите земји во светот, каде што можете да дојдете од никаде, да работите многу, многу напорно, без оглед на вашата ситуација, нели? Но, ако се посветиш и си искрен, добро ќе ти оди“, смета Зарзар.

XS
SM
MD
LG