Линкови за пристапност

Октоподот Пол умре


Октоподот Пол умре
Октоподот Пол умре

Пол точно ги претскажа сите седум натпревари на Германија на Светското првенство како и победата на Шпанија со која ја доби шампионската титула.

Октоподот Пол, кој се прослави за време на Светското првенство со успешното предвидување на резултатот на осум натпревари, почина на возраст од две години.

Морскиот аквариум Оберхаузен во Германија во вторник соопшти дека видовитиот цефалопод спокојно починал од природна смрт во текот на ноќта. Менаџерот на аквариумот Стефан Порвол кажа дека персоналот бил длабоко погоден од смртта на Пол. .

Пол точно ги претскажа сите седум натпревари на Германија на Светското првенство како и победата на Шпанија со која ја доби шампионската титула. Тој ги правеше своите предвидувања со избор на храна од две стаклени кутии кои беа спуштани во неговиот аквариум. Секоја од стаклените кутии беше обележана со знамето на фудбалска екипа, и таа што прво ќе ја отвореше беше неговиот избор за победник. Имаше само еден-спрема-256 шанса дека Пол ќе направи предвидување што ќе биде точно.

Пол беше роден во Вејмаут, Англија, во 2008. Вработените во аквариумот кажаа дека смртта на Пол не е изнанадување зашто животниот век на октопод како Пол е околу две години.

XS
SM
MD
LG