Американскиот претседател Барак Обама планира да креира најголем во светот морски резерват, значително проширувајќи го оддалечениот регион во Пацификот каде дупчење за нафта, рибарење и други комерцијални активности се забранети.
Белата куќа во вторник кажа дека претседателот сака да ги заштити водите во јужно-централниот Пацифик меѓу островската сојузна држава Хаваи и територијата на САД Американски Самоа. Официјални лица велат дека границите на заштитениот дел не се дефинирани, но дека Обама би можел да направи проширување од сегашните 225.000 квадратни метри на повеќе од два милиони.
Водите се поврзани со седум острови и корални гребени под контрола на САД. Претставници на Белата куќа велат дека регионот вклучува „некои од најчистите тропски морски средини во светот“, но предупреди дека тие се ранливи заради влијанието на климатските промени и океанската асидификација.
Претседателот Обама исто така планира да креира владина програма за борба против црниот пазар на риба и друга морска храна, каде овие продукти се етикетираат погрешно за да се скрие потеклото.
Обама планот ќе го изнесе во видео порака пред оние кои учествуваат на конференцијата „Нашиот океан“ во Стејт департментот што е во тек, во Вашингтон.
Еден од говорниците на конференцијата, Леонардо ДиКаприо, го фалеше новиот напор за заштита на дел од Пацификот, велејќи дека светските океани не се доволно регулирани.
Заштитената океанска област што Обама сака да ја прошири прво беше означена како американски воден споменик од неговиот претходник, претседателот Џорџ В. Буш.