Демонстрантите кои пред една година протестираа против „системот на алчност на корпорациите и економската нееднаквост во САД“, со демонстрации ја одбележуваат годишнината од нивното движење во Њујорк.
Движењето „Окупирај го Волстрит“ ги повика симпатизерите да се соберат пред берзата во Њујорк и да го попречат сообраќајот во финансискиот кварт во градот. Организаторите велат дека демонстрациите се во знак на „праведен и оддржлив свет“.
Активистите ги започнаа протестите на 17-ти септември, 2011 во Њујорк што потоа се проширија низ повеќе градови во САД, вклучувајќи ги Вашингтон и Окланд.
Демонстрантите вршеа притисок за спроведување на широк спектар на реформи во банкарскиот систем, финансирањето на кампањите и прашањата од областа на животната средина.