Линкови за пристапност

Полицијата испразни кампови на „Окупаторите“


Полицијата испразни кампови на „Окупаторите“
Полицијата испразни кампови на „Окупаторите“

Полицијата во западниот американски град Лос Анџелес уапси повеќе од 200 демонстранти рано во средата, во најнова интервенција на кампови на „Окупирајте го Вол стрит“ низ земјата.

Полицијата започна со апсење на протестантите нешто по полноќ кога тие одбиле да ја напуштат областа околу Градското собрание на Лос Анџелес каде тие кампирале последниве осум недели.

Градските претставници презеле акција за чистење на, како што велат, „незаконското собирање“ откако биле покренати прашања за криминал, хигиена и оштетување на имотот.

Акцијата дојде откако полицијата испразнила сличен привремен камп на протестанти во источниот град Филаделфија.

Принудени да го напуштат кампот, протестантите започнале со часови долг марш низ Филаделфија. Неколкумина биле уапсени.

Демонстрантите од двата града имале рок до минатата сабота да ги напуштат камповите.

Лабаво поврзаното движење „Окупирајте го Вол стрит“ започна во септември во њујоршкиот Парк Зукоти, каде мала група луѓе започнале да протестираат против економската нееднаквост и корпоративна алчност.

XS
SM
MD
LG