Повеќе од две милијарди деца и возрасни лица ширум светот, или 30 проценти од вкупната популација, се зафатени од болести поврзани со прекумерната тежина, според Кристофер Муреј, директор на Институтот за здравје при Универзитетот во Вашингтон.
Резултатите од оваа опсежна студија беа презентирани на форумот за храна во Шведска, а објавени во списанието New England Journal of Medicine.
Податоците се изведени од 195 земји и територии од 1980-та до 2015-та година.
Преваленцијата на дебелината според Муреј, двојно се зголемила последниве 25 години во преку 70 земји.
Муреј вели дека дебелеењето предизвикува повеќе од четири милиони смртни случаи годишно, не само кај лица со прекумерна тежина, туку и кај лица кои технички не спаѓаат во групата на дебели луѓе.
Во САД, 79.4 милиони возрасни лица биле во оваа категорија во 2015-та година. Кина е втора на листата, со 57,3 милиони.
Земја со највисок процент на возрасни лица со вишок килограми е Египет, каде 35 проценти од возрасното население се дебели.
Кога станува збор кај дебелината кај децата и младите во САД, таа изнесува 13 проценти од популацијата.
Кина е земја со најголем број на дебели деца и тоа 15,3 милиони а веднаш по неа е Индија со 14.4 милиони.
Виетнам и Бангладеш имаат најнизок процент на прекумерна тежина со само еден процент од населението.
Мареј забележува дека не постои еден посебен фактор што придонесува за зголемување на бројот на овие луѓе.
Во текот на следната деценија, истражувачите како и Организацијата на ОН за храна и земјоделство, ќе работат на собирање и размена на најефикасните стратегии за борба против епидемијата на дебелината во светот.
Facebook Forum