Линкови за пристапност

Дебелината е болест


Американската медицинска асоцијација ја прогласи прекумерната тежина за болест што значи третманот ќе биде покриен со здравственото осигурување

Најголемата лекарска група во САД вели дека прекумерната тежина е болест. Оваа одлука соопштена неделава од Американската лекарска асоцијација на нивната годишна средба може да води кон финансирање на истражувања во врска со дебелината и да им помогне на луѓето да добијат осигурување за третман на прекумерната тежина.

Прекумерната тежина бара голема лепеза интервенции за третман и превенција, а најголем дел од здравствените осигурителни полиси не покриваат посета на нутриционист или лекар за третирање дебелина.

Стапката на прекумерна тежина во САД се зголемила за 50 проценти меѓу 1997 и 2012, според Центрите за контрола и превенција на болести. Оваа институција исто така вели дека 30 проценти од возрасните Американци се дебели и дека дебелината кај децата се зголемила повеќе од двојно за последните 30 години.
XS
SM
MD
LG