Линкови за пристапност

Трамп ќе се фокусира на Планот за чиста енергија


По Обамакеар, официјални претставници на администрацијата на Трамп, најавија дека на агендата на претседателот ќе се најдат и даночните реформи

Претседателот Доналд Трамп изјави дека е разочаран, откако во петокот републиканците не изгласаа укинување на законот за здравствена заштита, познат како Обамакеар.

„Искрено, малку сум изненаден. Буквално ни` беше на дофат“, рече тој.

Во неделата, преку Твитер, додаде: „Демократите се радуваат, бидејќи Конгресната група за слобода, со помош на Клубот за развој и наследство, ги спаси Планираното семејство и Обамакеар“.

Шефот на кабинет на Белата куќа Рајнс Прибус, во изјава за „Фокс њус“, се обиде да ги негира медиумските извештаи дека наводно за неуспехот, Трамп ги обвинил него и спикерот на Претставничкиот дом Пол Рајан.

„Не сум во никаква неволја. Трамп верува и дека Пол Рајан е одличен спикер на Претставничкиот дом“, рече Прибус.

Тој предложи дека за поддршка на претседателската стратегија за здравствена заштита би било добро да се приклучат и некои демократи, но додаде дека е време Републиканската партија да почне да владее.

Официјални претставници од администрацијата на Трамп најавија дека тој неделава ќе се фокусира на повлекување на регулативите за заштита на животна средина на поранешниот претседател Барак Обама, вклучувајќи го Планот за чиста енергија, како и дека на агендата најверојатно ќе се најдат и даночните реформи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG