Досега, оваа година, Обама ги олесни казните на 688 лица, вклучувајќи 42 доживотни затворски казни.
Од преземањето на канцеларијата во јануари 2009-та, Обама дозволи 872 замени на казните, што е повеќе од вкупниот број помилувања од сите 11 претходни претседатели заедно.
Речиси сите што беа помилувани, биле осудени за ненасилен криминал со дрога.
Обама поддржа реформи во кривичното судство, со цел да се намали траење на затворските казни за оние што се осудени за ненасилен криминал.
Белата куќа најави дека претседателот планира уште помилувања пред да замине од функција на 20-ти јануари.