Линкови за пристапност

Обама ќе дискутира за Фергусон во Белата куќа


На средбата на Кабинетот, и со лидери за граѓански права и други, претседателот ќе разговара за начини на зајакнување на заедниците

Американскиот претседател Барак Обама ќе дискутира за ситуацијата во Фергусон, Мисури, со неговиот Кабинет, лидери за граѓански права, претставници на спроведувачите на законот и други, во Белата куќа.

Понеделничката средба ќе се фокусира на ревизија на федералните програми што обезбедуваат опрема во војнички стил на агенциите за спроведување на законот.

Подоцна, Обама се среќава со млади лидери за граѓански права да дискутира за тоа како да ги зацврсти населбите.

Протестите продолжуваат во Фергусон по одлуката на големата порота минатата недела, да не се покрене обвинение против белиот полицаец за убиство на 18-годишниот Мајкл Браун, кој беше црн.

XS
SM
MD
LG