Линкови за пристапност

Обама и новиот лидер на Сенатот ветуваат соработка


Obama
Obama

Со изборите завршени, наоѓање заедничка основа за работа е повеќе од предизвик за двете страни

Конгресните избори од вторникот донесоа целосна контрола на републиканците во двата дома што ќе биде имплементирано на почетокот на следната година.

Обама ги повика конгресните лидери на состанок, во петок во Белата Куќа, да разговараат за законодавните приоритети. Демократската партија на претседателот претрпе понижувачки пораз на изборите во вторникот, откако републиканците освоија доволно места за ја преземат контролата на Сенатот и да го зајакнат мнозинството во Претставничкиот дом.

Претседателот Обама им рече на новинарите во средата дека е сигурен оти има некои прашања за кои поделените американски политички партии може да се договорат.

Во меѓувреме, најверојатниот лидер на мнозинството во Сенатот, Мич Меконел од Кентаки, рече дека ќе работи со Обама да добие одобрение за меѓународниот трговски договори и за даночните реформи и рече дека тие во телефонски разговор се согласиле да се фокусираат на прашања за кои би можеле да постигнат договор.

Меконел изјави дека една пораките од изборите е дека политички поделената влада не треба да резултира со продолжување на политичкиот застој во Вашингтон.

Обама, пак на прес-конференцијата рече дека тој би сакал пошрирок договор со републиканците, но подвлече дека републиканскиот Конгрес, најверојатно ќе одобри некои закони кои тој не може да го потпише. Од друга страна и Меконел се согласува дека претседателот може да стави вето на некои закони донесени од републиканците.

Едно прашање на несогласување би можело да се појави пред крајот на годината. Обама го повтори своето ветување еднострано да ја смени имиграциската политика на земјата, потег кој би им овозможил на милиони имигранти кои нелегално влегле во земјата, да останат во САД. Меконел, пак, изјави дека се надева оти претседателот нема да преземе таква акција.

Но, Обама рече дека ќе дејствува, бидејќи Претставничкиот дом под контрола на републиканците одби да постапува по сеопфатни имиграциски мерки одобрени од Сенатот.

Демократите имаа 55 од 100-те места во Сенатот пред изборите во вторникот, но републиканците освоија најмалку седум места со победите во Арканзас, Колорадо, Ајова, Монтана, Северна Каролина, Јужна Дакота и Западна Вирџинија. Заедно со преземањето на контролата на Сенатот во јануари идната година, републиканците додадоа и најмалку 14 места во 435-члениот Претставничкиот Дом, каде веќе имаа мнозинство од 233 места.

бх/лк

XS
SM
MD
LG