Делумните конгресни избори во 2014-та се последна кампања за Барак Обама, и може да се рече последна шанса да помогне на демократите да го задржат мнозинството во Сенатот.
Од своја страна републиканците се обидуваат да го направат претседателот и како што велат, неговата неуспешна политика, фокус во националната кампања.
Токму слабиот рејтинг на претседателот прави многу демократи да се држат настрана од него во кампањата.
Но, каде и да го повикаат, тој не пропушта да ги обвини републиканците за политичкиот застој.
Еболата и заканите од терористите од Исламската држава особено ги загрижуваат гласачите, вели Томас Ман од Институцијата Брукингс. Тука претседателот нема многу контрола и тоа не му оди во прилог.
Но, демократите ја поздравија помошта во кампањата од првата дама Мишел Обама, поранешната државна секретарка Хилари Клинтон и нејзиниот сопруг, поранешниот претседател Бил Клинтон.
Преземањето на сенатот од страна на републиканците може да ја измести рамнотежата во Вашингтон, предупредува анкетарот Франк Њупорт:
„Тоа би значело дека на претседателот ќе му биде уште потешко да работи со Конгресот, зашто двата дома ќе бидат под контрола на опозицијата“.
А тоа пак, значи, дека не треба да се очекува политички пробив на застојот што сега постои во Вашингтон