Линкови за пристапност

Обама и Нетанјаху во Белата куќа ќе разговараат за Иран


Средбата доаѓа неколку дена откако Нетанјаху на Генералното собрание на ОН кажа дека Иран се обидува да го измами светот.

Американскиот претседател Барак Обама во среда е домаќин на израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху за разговори кои се очекува да се фокусираат на нуклеарните разговори со Иран.

Средбата во Белата куќа доаѓа неколку дена откако Нетанјаху на Генералното собрание на ОН му кажа дека Иран се обидува да го измами светот да ги крене санкциите додека се` уште му дозволува да развие нуклеарно оружје.

Тој предупреди дека Иран вооружен со нуклеарно оружје би бил многу поопасен од групата Исламска држава што оперира во Ирак и Сирија.

Иран долго инсистира дека нуклеарната програма е за мирољубиви цели, и кажа дека говорот на Нетанјаху ја продолжува политиката на „саботажа и пореметување“ на нуклеарние преговори со светските сили.

Тие разговори требаше да доведат до сеопфатен договор до крајот на јули, но двете страни се согласија да го продолжат процесот до нов рок, 24-ти ноември.

XS
SM
MD
LG