Претседателот на САД Барак Обама е мета на критики поради ноншалантното поздравување на двајца маринци што го обезбедуваа неговиот хеликоптер.
На снимката од пристигнувањето на претседателот во Њујорк на Генералното собрание на ОН може да се види како тој слегува од хеликоптерот и ја крева десната рака кон челото за да ги поздрави маринците, но во неа истовремено држи пластична чаша, најверојатно со кафе.
Кртиките брзо уследија. Конгресниот комитет на републиканците преку Твитер реагираше: „Чекајте, дали претседателот Обама ги поздрави маринците со кафе во раката?“ Други веќе го нарекоа потегот „кафе-поздрав“ и „Засекогаш кафе“, алудирајќи на слоганот на маринците „Засекогаш верни“.
Но, и покрај шегите, малку е веројатно дека претседателот отпоздравил со кафе, бидејќи е познато дека тој претпочита - топол чај.