Линкови за пристапност

Обама планира говор за заканата од Исламската држава


Телевизиското обраќање ќе биде во среда во ударен вечерен термин, а во вторник за ова имаше средба со државниот секретар на САД.

Американскиот претседател Барак Обама планира телевизиско обраќање во среда, во ударен вечерен термин, што ќе се однесува на неговиот план да се спротистави на напредувањето на милитантите на Исламската држава на Блискиот Исток.

Белата куќа кажа дека претседателот ќе дискутира за заканата што ја претставуваат бунтовниците за неговиот план за „деградирање и на крајот уништување“ на Исламската држава.

Обама во вторник се сретна со државниот секретар Џон Кери во врска со неговите воени опции, вклучувајќи и дали да ги прошири воздушните напади врз бунтовниците од Ирак во Сирија. Претседателот Обама веќе кажа дека нема да користи американски копнени трупи.

Истражувања на јавно мислење сугерираат растечка поддршка во САД за повеќе воздушни напади на Исламската држава, особено по нашироко прикажаното видео за обезглавувањето на двајца американски новинари.

XS
SM
MD
LG