Заменикот шеф на Мисијата во Турција, Џес Бејли, е номиниран за нов американски амбасадор во Македонија, соопшти Белата куќа. Стејт департментот во земјата испраќа дипломат што од 2010-та и 2011-та бил директор на Канцеларијата за Југоисточна Европа.
Џес Бејли работел и како прв човек на Центарот за странски дописници во Вашингтон, а една година минал и во Ирак. Во долгогодишната дипломатската кариера служел и во Холандија, Тајланд, Сенегал и Бангладеш. Дипломирал на престижниот универзитет Јеил, а магистрирал на Универзитетот Колумбија.