Линкови за пристапност

САД ќе испратат 300 советници да помогнат на ирачката армија


Претседателот Барак Обама вели дека советниците ќе и` помогнат на ирачката влада во борбата против исламските милитанти.

Претседателот Барак Обама вели дека е подготвен да испрати дополнителна опрема и до 300 американски советници да и` помогнат на ирачката влада во борбата против исламските милитанти.

Зборувајќи во Белата куќа, претседателот Обама кажа дека војната во Ирак оставила „големи лузни“. Тој јасно кажа дека американски трупи нема да се вратат да се борат во Ирак.

Претседателот порано во четврток се сретна со неговиот тим за национална безбедност за да ги разгледа опциите за тоа како да му се помогне на Ирак да се справи со милитантите кои презеле клучни градови на север и се закануваат на главнит град.
XS
SM
MD
LG