Линкови за пристапност

Обама: Островите Сенкаку потпаѓаат под американско-јапонскиот договор за одбрана


По средбата со јапонскиот премиер Обама експлицитно кажа дека САД ќе ја бранат Јапонија доколку е нападната.

Претседателот Барак Обама ја реафирмираше американската определба за договорот што налага одбрана на Јапонија, вклучувајќи ја и групата острови во Источното Кинеско Море, за кои и Токио и Пекинг тврдат дека се нивни.

По средбата во четвртокот во Токио со јапонскиот премиер Шинзо Абе, Обама експлицитно кажа дека Островите Сенкаку потпаѓаат под договорот што ги обврзуваат САД да ја бранат Јапонија доколку е нападната.

Обама нагласи дека САД не заземаат страна во спорот за суверенитетот на островите, но предупреди против секој унилатерален потег за промена на нивното статус кво.

Ова е најсилна изјава до сега од страна на американски претседател што се однесува на несогласувањето во врска со островите, што сериозно ги оштети релациите меѓу Јапонија и Кина.

Одговарајќи на забелешките портпаролот на Кинеското министерство за надворешни работи, Кин Ганг, кажа дека островите што Кина ги нарекува Диаоју се наследена кинеска територија, и дека Пекинг ќе ги брани своите „суверени поморски права“.

Јапонија е првата станица на осумдневната турнеја на Обама низ Азија, која исто така вклучува посета на Јужна Кореја, Малезија и Филипините.
XS
SM
MD
LG