Линкови за пристапност

Обама заминува на осумдневно патување во Азија


Вашингтон сака да ја потенцира решеноста за „ребалансирање“ во пацифичкиот регион

Американскиот претседател Барак Обама замина на турнеја по четири држави во Азија, каде ќе се обиде да ги убеди сојузниците дека Вашингтон е определен за своето „ребалансирање“ во пацифичкиот регион.

Безбедносни грижи во врска со кинеските територијални претензии и и севернокорејската нуклеарна програма се главниот фокус на патувањето на Обама, кое вклучува застанување во Јапонија, Јужна Кореја, Малезија и Филипините.

Осумдневната турнеја започнува во Токио доцна во среда со средба со премиерот Шинзо Абе. Јапонија е вклучена во растечки конфликт со Пекинг во врска со група ненаселени острови во Источното Кинеско Море.

Пред неговата посета, Обама за јапонскиот весник Јомиури кажа дека САД се против „секој унилатерален обид за подривање на јапонската администрација на овие острови“. Тој исто така нагласи дека дека островите потпаѓаат под договорот што бара САД да ја бранат Јапонија доколку е нападната.

Обама исто така ќе се обиде да направи прогрес со Јапонија на долго одолговлекуваниот договор за слободна трговија на Транс-пацифичкото партнерство. Но многумина велат дека јапонското колебање за напуштање на тарифите на земјоделски производи не дава многу надеж дека ќе има напредок.
XS
SM
MD
LG