Линкови за пристапност

Обама на средба со саудискиот крал во Ријад


Американскиот претседател со кралот Абдула ќе разговара за разликите во врска со Блискиот исток.

Американскиот претседател Барак Обама во петок ќе има средба со кралот Абдула во Саудиска Арабија за разговор по разликите во врска со безбедносните интереси на Блискиот исток.

Како дополнение на дискусиите за тензиите предизвикани од сириската граѓанска војна, американски официјални лица велат дека разговорите најверојатно ќе се однесуваат на Иран, Египет, застоените израелско-палестински мировни разговори и за напорите за спротивставување на насилничниот екстремизам.

Тригодишната сириска граѓанска војна придонела на секташките тензии на Блискиот исток, и Саудиска Арабија ја критикуваше американската одлука од минатата година за отфрлање на плановите за наоружување на бунтовниците кои се борат против сириската влада на претседателот Башар ал-Асад.

Владата во Ријад исто така изрази загриженост во врска со тентативниот дијалог што администрацијата на Обама го започна со Иран – главниот регионален ривал на кралството.

Билатералните разлики во врска со Египет се појавија минатата година, кога претседателот Обама силно го критикуваше соборувањето на избраниот исламистички претседател Мохамед Морси. Саудиската влада обезбеди поддршка за владата потпомогната од армијата што го замени соборениот претседател.

На Обама се очекува во Ријад да му се придружи државниот секретар Џон Кери, кој во среда одржа, како што вели Стејт департментот, продуктивни разговори со палестинскиот претседател Махмуд Абас.
XS
SM
MD
LG