Линкови за пристапност

Обама: Русија треба да плати за Украина


Обама ова им го кажа на новинарите во Холандија пред вонредната средба на Групата Седум во Хаг.

Американскиот претседател Барак Обама вели дека САД и Европа се обединети во ставот дека Русија треба да плати за своите акции во Украина.

Обама ова им го кажа на новинарите во Холандија пред вонредната средба на Групата Седум, составена од САД, Британија, Канада, Франција, Германија, Италија и Јапонија. Средбата е фокусирана на руската анексија на Крим. Аналитичарите велат дека сесијата се чини дека е насочена кон координирање на акциите на Западот спрема Москва по преминувањето на руските трупи во Крим порано месецов. Групата исто така се очекува натамошно да ја процени цената на можните одмазднички мерки од страна на Москва.

Претседателот Обама во понеделник кажа дека Европа и САД се обединети во поддршката за украинската влада и украинскиот народ. Забелешките дојдоа откако тој се сретна со холандскиот премиер Марк Рутево Амстердам.

Дводневниот самит за нуклеарна безбедност во Хаг кој започна во понеделник требаше да биде главен настан на еднонеделното патување на американскиот претседател во Европа и Саудиска Арабија, пред да биде засенет од развојот во Украина.
XS
SM
MD
LG