Американците кои сакаат да одат, треба да продолжат со своите планови, вели претседателот.
Обама зборуваше на телевизијата ЦНН во петок, дискутирајќи за Олимпијадата, што започнува на 7 февруари, и неговиот нов план да ги охрабри големите компании да вработуваат повеќе од подолго време невработените во САД.
Претседателот кажа дека ќе продолжи да посега по Конгресот за работа на долгорочните прашања како невработеноста и имиграционата реформа, но во меѓувреме тој планира да ја искористи можноста со извршни наредби да го постигне тоа што може – тактика што ја изнесе во вторникот на неговото годишно обраќање за состојбата во која се наоѓа унијата.
Претседателот Обама во петок кажа дека сака врвните компании да ветат дека луѓето кои долго време биле невработени не се автоматски отфрлени од процесот на вработување.
Тој планира да даде формално соопштение подоцна во петок, со директори на голем број големи американски компании кои го поддржуваат неговиот план.
Обама обезбеди поддршка од компании како Епл, Форд и Волмарт да ја почитуваат оваа пракса и не дискриминираат во вработувањето на оние кои се надвор од работа долго време.
Петочното соопштение доаѓа откако претседателот мина два дена во патување низ земјата зборувајќи за потребата да обезбеди повеќе можности за Американците кои страдаат во оваа економија.
Опозиционите републиканци го предизвикуваат Обама по неговата агенда изнесена во годишното обраќање. Тие исто така се претставуваат себе си во попозитивна светлина како отворени за соработка.
Во писмо до претседателот, републиканците посочуваат на мерките усвоени од Претставничкиот дом што е под републиканска контрола, вклучувајќи го и обучувањето на работа, за кое Сенатот под контрола на демократите не гласал.
Тие ги идентификуваат и производството на природен гас, правилата на однесување на работното место и истражувања финансирани со федерални пари како области во кои има потенцијал за соработка, и исто така изнесуваат предлози за имиграционата реформа.