Линкови за пристапност

Обама ќе поттикне ова да биде година на акција за економијата


Пред Конгресот во вторник вечер претседателот ќе изнесе „реални, конкретни, политички предлози“ за зајакнување на средната класа и отварање можности.

Обама и Конгресот се соочени со интензивен скептицизам од јавноста за способноста да соработуваат за доброто на економијата. Поддржувачите и критиката велат дека дека ова во голема мерка ја ограничува флексибилноста на Обама во вториот мандат.

Иако малку се опорави од минатогодишниот проблематичен почеток на неговиот реформски закон за здравствена грижа, републиканците ќе продолжат да го користат прашањето против него за време на ноемвриските избори за Конгресот.

Белата куќа вели дека Обама ќе земе оптимистички тон, изнесувајќи „реални, конкретни, политички предлози“ за зајакнување на средната класа и отварање можности.

Клучниот политички советник Ден Фајфер на Фокс Њуз Сандеј рече дека Обама сака 2014-та да биде година на акција.

„Сакаме да ги вратиме можностите за сите Американци, да ја развиеме економијата и да креираме работни места“, вели тој.

Слична тема беше минатата година, кога Обама кажа дека има обврска да помогне да се „ре-стартира“ средната класа како локомотива што ќе го поведе растежот.

„Американскиот народ не очекува владата да го реши секој нивни проблем. Тие не очекуваат од нас да се согласиме по секое прашање. Но тие очекуваат од нас да ги ставиме интересите на нацијата пред партијата“, кажа тој.

Соочувајќи се со опозиција на републиканците во однос на неговата агенда, Обама вети дека ќе ја искористи функцијата да ги изнесе клучните иницијативи доколку не добие поддршка од републиканците, кои го контролираат Претставничкиот дом.

Неодамнешните забелешки на сенаторот Рој Блант покажуваат дека поделбата останува широка меѓу републиканците и Белата куќа:

„Агендата на оваа администрација да креира поголема влада, поголеми трошоци, повеќе даноци и поголем долг создаде нееднаквост и криза на можностите во нашата држава.“

Портпаролот на Белата куќа Џеј Карни вели дека како повеќето Американци, претседателот е фрустриран од Конгресот, но кажа дека скромниот договор за буџет од минатата година е знак дека соработка е можна.

„Тоа беше пример за тоа што ќе се случи кога републиканците и демокртите работат заедно, ги признаат нивните искрени разлики, и најдат заедничка основа да се придвижат напред“, рече Карни.

Специфични предлози се очекуваат во областа на креирање работни места за долго време невработените, за зајакнување на сигурноста на пензиите и развој на инфраструктурата.

Обама може да употреби извршни наредби за имплементирање на некои работи. Но Конгресот мора да дејствува легислативно на прашања како што е имиграцијата.

Во предвечерјето на неговиот говор, истражување на јавно мислење направено од АБЦ Њуз/Вашингтон пост покажа дека 37 проценти од Американците имаат доверба дека Обама може да донесе добри одлуки за иднината на државата.

Претседателот започнува дводневно патување во среда за промовирање на темите од неговиот говор.
XS
SM
MD
LG