Линкови за пристапност

Обама: Економската нееднаквост и` штети на иднината на Америка


Претседателот на САД вели дека јазот на можности во државата е најголемиот предизвик на ова време

Претседателот Барак Обама вели дека американската влада треба да се спротивстави на децении долгите трендови на растечка економска нееднаквост и недостиг на мобилност нагоре што го „ставила во ризик американскиот сон“.

Претседателот зборуваше во вторник во Центарот за американски напредок, организација за јавна политика што зазема либерален став по економски прашања. Тој кажа дека откако завршил средно училиште во 1979, економијата во САД се удвоила по големина, додека богатството било поделено меѓу помалку луѓе.

Претседателот ги охрабри Американците да не мислат дека нееднаквоста е проблем на малцинството, велејќи дека јазот на можности во САД е исто толку во врска со класата колку во врска со расата. Тој недостигот на можности за нагорно движење го нарече најголем предизвик на ова време, додавајќи дека резултатот од дебатата што во моментов се одвива во Вашингтон ќе има „реални импликации“ за иднината на државата.
XS
SM
MD
LG