Линкови за пристапност

Обама повторно се извини


Ова е второ јавно извинување на претседателот на САД за проблемите со неговата програма за здравствена заштита.

Американскиот претседател Барак Обама вели дека жали што неговата администрација „не била многу јасна“ како што требало да биде во врска со деталите на неговата програма за реформа на здравствената заштита, и рече дка дал упатства на неговата администрација да „затвори некои дупки“ во новиот закон.

Обама, зборувајќи во четврток на националната телевизија, го упати своето извинување на, како што рече, пет проценти од Американците кои самите купиле осигурување, по што нивната полиса била откажана.

Оние на кои полисите се откажани биле принудени да се приклучат на други планови со нивниот сегашен осигурувач или преку владината размена – понекогаш по повисока цена.

Претседателот кажа дека „очигледно не завршивме доволно добра работа, и жалам за тоа.“ Тој исто така рече дека жали што „луѓето се нашле во оваа ситуација базирана на уверувања“ што тој ги дал.
XS
SM
MD
LG