Линкови за пристапност

Обама: Меѓународниот кредибилитет е во прашање


Американскиот претседател кажа дека „црвената линија“ за Сирија не ја поставил тој, туку светските сили со договор против употребата на хемиско оружје.

Американскиот претседател Барак Обама во среда кажа дека кредибилитетот на меѓународната заедница е во прашање доколку на наводниот напад со хемиско оружје од страна на Сирија против нејзиниот народ не се реагира.

Зборувајќи на прес конференција во Стокхолм со шведскиот премиер Фредрик Реинфелт, Обама кажа дека тој не ја поставил „црвената линија“ во однос на употреба на хемиско оружје, туку дека линијата била поставена кога светските сили одобриле договор против употреба на хемиско оружје.

Обама кажа дека тој и шведскиот премиер се согласни дека меѓународната заедница не може да остане безгласна во очи на „варварството“ во Сирија и дека потфрлањето во преземање акција би ја зголемило можноста за можни натамошни напади.

Обама е на еднодневна посета на Стокхолм пред да замине за Русија каде ќе се одржи самитот на Г20 во Санкт Петерсбург, каде Сирија се очекува да биде високо на агендата.

Рускиот претседател Владимир Путин, пред да биде домаќин на другите лидери на Г20, кажа дека Сирија би можела да ги крене тензиите.

Путин во среда кажа дека државниот секретар на САД, Џон Кери, „лажел“ кога рекол дека сириската опозиција не станала поинфилтрирана со ал-Каида. Рускиот претседател исто така кажа дека американскиот Конгрес би санкционирал „агресија“ доколку одобри американска сила против Сирија, без поддршка од Советот за безбедност на ОН.
XS
SM
MD
LG