Линкови за пристапност

Обама предлага чекори за подобрување на американските програми за набљудување


Тој кажа дека САД треба да постигнат вистинска рамнотежа меѓу заштитата на безбедноста на Американците и зачувувањето на нивните слободи.

Американскиот претседател Барак Обама вели дека мора да бидат преземени чекори за подобрување на шпионските програми на американската влада насочени кон заштита на државата од терористички напади.

Претседателот Обама на прес-конференција во петок кажа дека последните денови ги потсетиле САД за „заканите спрема нацијата“. Тој рече дека
смета оти негова Одговорност број 1 е улогата како врховен командант.

Но тој кажа дека САД треба да постигнат вистинска рамнотежа меѓу заштита на безбедноста на Американците и зачувување на нивните слободи.

Претседателот кажа дека се консултирал со членови на Конгресот во последните неколку недели за тоа каде американските контратерористички напори и американски вредности доаѓаат во тензија.

Тој рече дека не е доволно за него да има доверба во контратерористичките програми, туку дека американскиот народ треба да има доверба во нив. Обама кажа дека тој исто така треба да има предвид како тие прашања се гледаат од странство.
XS
SM
MD
LG