Линкови за пристапност

Обама ја откажа средбата со Путин


Белата куќа вели дека ја откажува средбата Обама-Путин бидејќи „нема доволно напредок“ по прашањата што ги делат двете држави.

Во редок дипломатски укор, американскиот претседател Барак Обама вели дека ја откажува планираната средба со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, следниот месец.

Белата куќа кажа дека Обама се` уште планира да патува во Русија за економскиот самит на Групата 20 со Санкт Петерсбург, првата недела на септември. Тој додаде дводневна посета на Шведска пред да се упати на самитот.

Администрацијата на Обама беше разлутена заради давањето привремен азил на Едвард Сноуден, минатата недела. Обама побара од Русија да го екстрадира Сноуден да се соочи со обвиненија за шпионажа, заради протекувањето на информации за американската шпионска програма. Путин го одби барањето.

Белата куќа вели дека ја откажува средбата Обама-Путин бидејќи „нема доволно напредок“ по прашањата што ги делат двете држави.

Руската новинска агенција РИА Новости цитира дипломатски извори како велат дека поканата останува отворена за Обама да се сретне со Путин.
XS
SM
MD
LG