Линкови за пристапност

Обама „разочаран“ што Русија му дала азил на Сноуден


Претседателот на САД кажа дека Русија повремено се враќа на размислување карактеристично за Студената војна

Американскиот претседател Барак Обама вели дека е „разочаран“ што Русија му дала азил на поранешниот соработник на американското разузнавање Едвард Сноуден, кој е баран за објавување информации за тајни американски шпионски програми.

Во снимено појавување на емисијата Вечерно шоу на НБЦ телевизијата, Обама во вторникот кажа дека иако САД и Русија немаат формален договор за екстрадиција, САД се обидувале да соработуваат со Русија на такви случаи во минатото. Тој кажа дека има времиња кога Русија се лизнува назад во размислувањето од Студената војна.

Обама ги потврди плановите за учество на самитот Г20 во Санкт Петерсбург во септември, но не кажа дали ќе има лице-в-лице средба со рускиот претседател Владимир Путин.

Обама исто така кажа дека „нема трпение“ со странски закони кои дискриминираат против хомосексуалци, како одговор на прашањето за новиот руски закон што забранува, како што вели, „хомосексуална пропаганда“. Обама кажа дека Русија не е единствена со такви закони.

Во меѓувреме американскиот Стејт департмент вели дека државниот секретар Џон Кери и секретарот за одбрана Чак Хегел ќе се сретнат со нивните руски колеги во петок во Вашингтон.
XS
SM
MD
LG