Американскиот претседател Барак Обама ќе ја изнесе својата визија за напредок на светот кон ослободување од нуклеарно оружје, во говор во среда кај историската Брандербуршка порта во Берлин.
Неколку часа пред планираното обраќање Обама се сретна со германската канцеларка Ангела Меркел за разговори кои се очекува да се однесуваат на Сирија, Авганистан и американското телефонско и Интернет шпионирање.
Висок претставник на администрацијата вели дека Обама ќе го искористи говорот да предложи САД и Русија да го намалат бројот на нивните стратешки боеви нуклеарни глави за една третина под нивото на кои се согласиле со договорот од 2009-та.
Пактот, наречен Нов СТАРТ, двете земји ги повикува да го намалат својот арсенал на 1.550 распоредени стратешки боеви глави до 2018-та.
Белата куќа вели дека Обама ќе вети продолжување на напорите за ширење на нуклеарно-вооружени држави, со „притисок без преседан“ врз Иран и Северна Кореја.
Претседателот исто така ќе го искористи говорот за нов договор за запирање на производството на материјал за фисија што се употребува во нуклеарни бомби и да ги промовира напорите да се натера американскиот сенат за ратификување на Сеопфатниот договор за забрана на нуклеарни тестови.