Линкови за пристапност

Обама во Тексас за одбележување на историја и на трагедија


Американскиот претседател Барак Обама ќе го мине денот во Тексас, оддавајќи му почит на претходникот и на жртвите на минатонедлната експлозија во фабрика за вештачко ѓубриво.

Претседателот и првата дама ќе го минат утрото во Далас на свеченоста за посветување на претседателската библиотека на Џорџ В. Буш на кампусот на Јужниот методистички универзитет. Обама ќе му се приклучи на таткото на Буш, поранешниот претседател Џорџ Х. В. Буш, и двајца други поранешни станари на Белата куќа, демократите Џими Картер и Бил Клинтон.

На настан во средата, Обама кажа дека и покрај нивните политички разлики, Буш „ја сака неговата земја и го сака нејзиниот народ“, а не само оние кои гласале како републиканци.

Обама потоа ќе патува во градот Вако за попладневна меморијална служба за луѓето убиени од експлозија што срамни со земја мал град на Западот на 17 април.
XS
SM
MD
LG