Линкови за пристапност

Обама ја привршува посетата на Израел и Западниот брег


Во петок навечер американскиот претседател ќе замине за Јордан.

Американскиот претседател Барак Обама ја заокружува посетата на Израел и на Западниот брег што вклучи разговори со израелски и палестински лидери и ги повика двете страни да ги продолжат мировните напори. Во петок навечер тој ќе замине за Јордан.

Обама замина за Витлеем од Ерусалим да му се приклучи на палестинскиот претседател Махмуд Абас за прошетка во Црквата на христовото раѓање.

Ден Робинсон од Гласот на Америка вели дека претседателот планира испраќање порака до Христијаните во регионот.

Порано во петокот во Ерусалим Обама го посетил Израелскиот споменик на Холокаустот, Јад Вашем, каде повикал на толеранција спрема другите.

Обама и Нетанјаху се очекува да имаат уште една средба пред американскиот претседател да замине за Јордан.
XS
SM
MD
LG