Линкови за пристапност

Обама: Американско-израелската алијанса е вечна


Американскиот претседател Барак Обама алијансата на Америка со Израел ја прогласи за „вечна“ и „засекогаш“, на почетокот на неговата прва посета на еврејската држава откако е на функцијата.

На церемонијата на пристигнување на аеродромот Бен Гурион во среда, Обама кажа дека Израел го направил прва станица на првото патување во странство во вториот мандат зашто сакал „да ја реафирмира нескршливата врска меѓу двете нации.“

Тој исто така кажа дека сака да зборува директно на народот на Израел и нивните соседи за неговото верување дека „мирот мора да дојде во светата земја“.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и претседателот Шимон Перес го поздравија американскиот претседател на аеродромот. Нетанјаху му се заблагодари на Обама за одбрана на, како што кажа „израелското право да се брани самиот, против секоја закана.“

Американскиот претседател подоцна се сретна со Перес во Ерусалим откако деца му пееја мавтајќи со знамиња од двете држави.
XS
SM
MD
LG