Следната недела треба да влезат во сила 85 милијарди долари во кратења на трошоците што е прва фаза од намалувањата во вкупна вредност од 1,2 трилиони долари за кои претседателот Обама и законодавците се согласија пред две години како начин за штедење среде ќорсокакот во Вашингтон.
Републиканците им се приклучија на демократите во гласањето на задолжителните намалувања предложени од претседателот Обама по тешката дебата и преговори за дефицитот во 2011. Републиканците сакаат уште подлабоки кратења, над 2,5 трилиони долари во намалување на дефицитот.
Обама се појави во аудиториумот со група од 16 работници кои први одговараат на вонредни ситуации, меѓу кои полицајци, пожарникари и прва помош, за кои тој рече дека може да ја изгубат работата доколку дојде до реализирање на автоматските кратења.
Тој ги поттикна републиканците да работат со него за избегнување на, како што рече, „бруталните рани што сами си ги задаваме на економијата“.
„Републиканците во Конгресот се соочени со едноставен избор. Дали се расположени за компромис за заштита на виталните инвестиции во образованието, здравствената заштита и националната безбедност, и сите работни места кои зависат од нив, или ќе стават стотици илјади работни места и целата наша економија во ризик само за да заштитат неколку дупки во даночниот закон за специјални интереси од кои единствено имаат корист најбогатите Американци и најголемите корпорации?“
Спикерот на Претставничкиот дом, републиканецот Џон Бенер го обвини Обама за предлагање нови трошоци на владата и непонудување на „кредибилен план“ што Конгресот може да го усвои.
Лидерот на сенатското републиканско малцинство, Мич Меконел, кажа дека Обама се` уште преферира кампањски настани пред здрав разум и двопартиска акција.
Обама рече дека неговата врата останува отворена за преговори да се избегнат задолжителните кратења и да се постигне балансирано намалување.
Ко-претседателот на двопартиска фискална комисија што Обама ја назначи, објави ревидирани предлози во вторник, за да се постапи по фискалните проблеми на државата. Ерскин Болс и поранешниот сенатор Алан Симпсон предложија 2,4 трилиони долари во намалување на дефицитот за наредните 10 години, вклучувајќи и намалување на трошоците и реформи на здравствената заштита и даноците. Болс рече дека недискриминаторското кратење е лоша идеја, зашто ќе има несакани последици на продуктивноста.
Портпаролот на Белата куќа Џеј Карни кажа дека последните предлози на Симпсон и Болс ја поткрепуваат позицијата на Обама дека единствен начин да се стави под контрола дефицитот и проблемите со долгот е преку балансиран план.