Линкови за пристапност

Обама го засилува притисокот врз републиканците


Aмериканскиот претседател бара конгресните законодавци да постапат во насока на избегнување на длабоки буџетски скратувања што би влегле во сила на 1-ви март.

Aмериканскиот претседател Барак Обама уште еднаш во вторник ќе ги повика конгресните законодавци да постигнат договор за избегнување на рунда длабоки буџетски скратувања.

Обама ќе ги повика републиканците да прифатат план од сенатските демократи за собирање доволно приход со прекинување на одредени исклучоци за оданочување на богати поединци и корпорации. Демократскиот план ќе избегне 85 милијарди долари во буџетски скратувања кои треба да влезат во сила на 1 март.

Буџетските скратувања ќе бидат распоредени подеднакво меѓу домашни и армиски програми. Обама ќе се појави со група која одговара на вонредни состојби, меѓу кои и пожарникари и работници во прва помош, за кои претседателот вели дека може да ја загубат работата доколку буџетските скратувања влезат во сила.
XS
SM
MD
LG