Линкови за пристапност

Рејтингот на Обама скокнал


Сега претседателот има рејтинг од 57 проценти, а пред изборите имаше 52.

Ново истражување на јавно мислење на претседателот Барак Обама му дава највисок рејтинг од фаќањето и убиството на Осама Бин Ладен во мај 2011.

Истражувањето на АП-ГфК, објавено во петок, вели дека рејтингот на Обама е 57 проценти. Слично истражување беше изведено кусо време пред минатомесечните претседателски избори, кога се покажа одобрување на неговата работа од 52 проценти.

Резултатите за целокупниот перформанс на Обама се мешани. Запрашани каков претседател Обама бил до сега, 37 проценти одговориле одличен или просечен, додека 36 проценти кажале – под просек или лош претседател.

Оценката на американската економија исто така е мешана 54 проценти од анкетираните рекле дека претседателот ќе може да ја поправи економијата во вториот мандат, 42 проценти рекле дека тоа е тешко веројатно.

Помалку од половина од испитаниците рекле дека Обама ќе може да го намали федералниот дефицит, а 53 проценти дека нема многу изгледи дека ќе успее во тоа.
XS
SM
MD
LG