Линкови за пристапност

Обама: Нацијата искрено да зборува за расните односи


Денес има состанок во Белата куќа со спроведувачите на законот и лидерите за граѓански права

Еден ден по комеморацијата во Далас за петемината убиени полицајци на мирни протести, претседателот Барак Обама денес се среќава со спроведувачите на законот и лидерите за граѓански права во Белата куќа, да дискутираат за начините како да се врати довербата во заедниците.

Претседателот во Далас рече дека насилството минатата недела ја открило „најслабата точка во нашата демократија“.

Иако односите се драматично подобрени во Америка во изминатите децении, тој додаде дека има преостанато предрасуди и дека тоа е познато.

Обама ја повика нацијата да зборува „искрено и отворено“ за состојбата со расните односи, велејќи дека полицајците заслужуваат почит, а не презир. Тој им оддаде почит на убиените од страна на црн армиски ветеран, и повика на единство и надеж.

XS
SM
MD
LG