Линкови за пристапност

Обама ја реафирмира верската слобода со посета на џамија


Според портпаролот на Белата куќа целта е да се укаже на важноста на оваа заедница во американското општество

Претседателот Барак Обама за прв пат во текот на неговото претседателствување посети џамија и се сретна со Американците со муслиманско потекло во Исламската заедница во Балтимор.

„Ова е можност да се испрати јасен сигнал до муслимаско-американската заедница дека претседателот на САД цврсто ќе го брани вашето право во оваа земја да му служите на Бог согласно со вашата традиција и наследство“ изјави секретарот за прес на Белата куќа, Џош Ернест во вторникот.

Портпаролот на Белата куќа изјави дека Обама ќе учествува на тркалезна маса со муслиманско-американските лидери за да слушне што ги загрижува и да слушне как оразмислуваат пред да се обрати на пошироката публика во џамијата во Балтимор.

„Ова е можност да се направат неколку работи. Прво, да се потврди важната улога што муслиманските Американци ја имаат во нашето општество и да се потврди нашето убедување во принципите на религиозната слобода“ нагласи Ернест.

Обама претходно има посетено џамии за време на неговите патувања во странство.

XS
SM
MD
LG