Линкови за пристапност

Обама во Виетнам


Почитување на правата не е закана по стабилноста“ - порача првиот човек на САД

Во долго најавуваниот говор, претседателот Обама на Виетнамците им порача дека “заедно со американскиот народ почнуваат 100 годишно патешетвие“. Дали односите со поранешните непријатели ќе се затоплат, како што посакува Обама, зависи кој ќе го замени во Белата куќа следниот јануари.

„Кога ја извршуваше функцијата државна секретарка, Хилари Клинтон одигра голема улога во заживување на Азија. Но, ако Трамп биде избран за претседател, се` е отворено кога станува збор за отвореноста на АСЕАН, Виетнам и неколку други прашања, вклучувајќи ја и слободната трговија“, вели Сајмон Тај, претседавач со Институтот за меѓународни прашања во Сингапур.

Обама се обрати во националниот конвенциски центар во Ханој, пред повеќе од 2000 луѓе, вклучувајќи и официјални државни функционери.

Во говорот тој се осврна и на неколку чувствителни теми за почитувањето на човековите права.

Првиот човек на САД потенцираше дека слободата на говорот и печатот, како и правото на протести се вградени во Уставот на земјата. Тој се осврна и на можноста за отворање на политички процес за кандидати кои не се членови од Комунистичката партија.

“Според мене, почитувањето на овие права не е закана по стабилноста“, рече Обама.

Во Виетнам има повеќе 100 политички затвореници. Нови лица се приведени мината недела, според активистите.

XS
SM
MD
LG