Линкови за пристапност

Обама ќе ја нагласи потребата од дипломатијата


Лидерот на САД ќе се обрати на Генералното собрание во ОН

Претседателот Барак Обама ќе ја истакне неопходноста од дипломатија и колективна акција – подвлекувајќи ги коалиционите напори предводени од САД на Блискиот исток во неговото обраќање пред Генералното собрание на ОН.

Официцијален претставник на Белата куќа рече дека Обама ќе се осврне на неодамна постигнатиот нуклеарен договор меѓу Групата 5+1 и Иран како пример за тоа „што може да се постигне со меѓународна соработка кога нациите се држат одговорни за кршење на меѓународните закони, а принципиелна дипломатија се користи за постигнување на целите“.

Американскиот претседател ќе говори и за конфликтот во Сирија, при што ќе ја истакне потребата да се придружат армиските напори против Исламската држава со „заложба од сите нации за политичко решение“ во државата која е зафатена со војна.

Официјални лица од администрацијата на Обама повеќе пати рекоа дека таквата политичка транзиција не може да да се случи се` додека сирискиот претседател Башар ал-Асад е на власт. Ова прашање се очекува да биде фокус на разговорите на разговорите на Обама со рускиот претседател Владимир Путин.

Тоа ќе биде прва средба меѓу Обама и Путин од самитот на Г-8 во 2013-та, и доаѓа на инсистирање на Москва, според портпаролот на Белата куќа Џош Ернст. Исто така доаѓа во време на американската загриженост за руското армиско присуство во Сирија.

„Претседателот Обама уште еднаш јасно ќе стави до знаење дека двојното зголемување на поддршката на режимот на Асад е губитнички влог“, изјави Ернст.

Украина ќе биде на врвот од агендата, а Обама, ќе изврши притисок врз Русија да се придржува до договорот што беше постигнат во Минск. Американски официјални лица велат дека Москва продолжува да ги помага и вооружува сепаратистите во Источна Украина, покрај месеците на економски санкции кои ја погодија руската економија.

За време на денешното обраќање во Генералното собрание на ОН, официјален претставник од Белата куќа рече дека Обама ќе се наврати на неодамнешната историја, „дека државите се успешни кога соработуваат меѓусебно, а се слаби и се распаѓаат кога го избираат патот на агресија“.

XS
SM
MD
LG